„Железници“ се поднови со нови товарни вагони

Bez autora
May 08 2011

Со инвестиција од 10 милиони евра во „Македонски железници“, ќе се подобрува квалитетот на услугите и безбедноста. За таа намена, вчера беше пуштен во функција нов телекоманден центар со кој ќе се следи целокупната железничка мрежа во земјава, како и новите 36 товарни вагони, четири дизел-локомотиви и две современи електрични локомотиви. Ова е инвестиција каква што одамна немало во македонската железница и е крупен чекор во насока на подобрување на условите за работа, на подобрување на безбедноста на возовите и се' што значи подобар квалитет на услугите. Тој најави и нови инвестиции. Владата ќе продолжи со инвестиции во железниците и во подобрување на брзината, на безбедноста и на сигурноста на нашите пруги. Владата има веќе склучено договор со Светска банка во вредност од 17,5 милиони евра, инвестиција која ќе почне оваа година, а се однесува на реконструкција на Коридорот 10.

„Железници“ се поднови со нови товарни вагониСо инвестиција од 10 милиони евра во „Македонски железници“, ќе се подобрува квалитетот на услугите и безбедноста.

За таа намена, вчера беше пуштен во функција нов телекоманден центар со кој ќе се следи целокупната железничка мрежа во земјава, како и новите 36 товарни вагони, четири дизел-локомотиви и две современи електрични локомотиви.

„Ова е инвестиција каква што одамна немало во македонската железница и е крупен чекор во насока на подобрување на условите за работа, на подобрување на безбедноста на возовите и се' што значи подобар квалитет на услугите“, рече министерот за финансии, Зоран Ставрески, на промоцијата на новата опрема.

Тој најави и нови инвестиции. „Владата ќе продолжи со инвестиции во железниците и во подобрување на брзината, на безбедноста и на сигурноста на нашите пруги. Владата има веќе склучено договор со Светска банка во вредност од 17,5 милиони евра, инвестиција која ќе почне оваа година, а се однесува на реконструкција на Коридорот 10“, рече министерот, додавајќи дека станува збор за инвестиции од 30-ина милиони евра во „Македонски железници“, што ќе значат подобар квалитет и работење на двете претпријатија, обезбедена работа за работниците во двете претпријатија, како и подобра конкурентност на индустријата, особено на металната индустрија.

Проектот, според директорите на „Инфраструктура“ и „Транспорт“, Бесим Деари и Оливер Деркоски, има цел задоволување европски стандарди на железничка структура и подигање на нивото на безбедноста, автоматизација на процесите и замена на човечкиот фактор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik